Македонската ракометна кадетска репрезентација денес во салата „Автокоманда“ забележа победа над соодветната селекција на Романија со резултат 32:28.
Ова беше втор меѓусебен пријателски натпревар.
На првиот одигран вчера, избраниците на селекторот Раде Стојановиќ, исто така беа поуспешни, минимално победија со 31:30.
Контролните средби со Романците се во насока на воигрување на македонскиот национален тим за учество на Светското првенство во Хрватска претстојното лето.