Иако првата сезона на хорор-серијата „Последниот од нас“ (The Last of Us) заврши викендов, приказната за „апокалипсата на габите“ ни оддалеку не е завршена.

И втората сезона е веќе најавена и потврдена, но претходно, како што објави и „Комикбук“ (ComicBook), обожавателите дочекаа уште едно изненадување - документарна епизода од 31 минута зад сцената. Таа веќе е прикажана вчера (14 март) на американската мрежа „Ејч-би-о“, а следат и репризи.

Инаку авторите на ТВ-серијата, Крејг Мазин и Нил Дракман зборуваа за можните промени во следната сезона.

„Ненадејните судири, како и ликовите може да останат исти, а може и да се промени тоа. Ќе го направиме она што треба да се случи со оваа приказна додека се движи... Ние ќе ја искористиме слободата што ја имаме во телевизијата, а ја немавме во видеоиграта, а тоа е предноста на менување на гледиштето... Значи, ќе минеме низ истиот процес на адаптација. Повторно сме тоа ние, а тука ќе биде и Педро, и Бела. И ќе има крв!“, најавија Мазин и Дракман.

На ИМДБ, оценките за секоја епизода досега се движат меѓу 7,4 и 9,5 / 10.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/03/2023 12:37