{photo]
ДАНЕЛА ПОЧНА ДА ЛАЖЕ И БЕЗ ЕЛЕМЕНТАРЕН ОСЕТ!
Јас како градоначалник не слушам апели од Данела Арсовска и Град Скопје, туку работам неколку чекори пред нив!
Арсовска поради недостаток на идеи и иницијативи сака да си присвои нешто за кое воопшто не произлегло од неа.
Имено на мое излагање пред медиумите на 09.03.2023 година јасно и гласно потенцирав дека на моја иницијатива ќе се пристапи кон бришење на спорните маркици за згради. И тоа се случи на 15.03.2023 со седницата на Советот на Општина Бутел.
На Арсовска и требаа неколку дена, односно на 11.03.2023 да излезе јавно со низа лаги и неосновани обвинувања да го повтори тоа што веќе јас го кажав. Па потоа да ги извести медиумите дека маркиците биле отстранети по нејзина иницијатива. Тешка лага, веројатно веќе и својствено за неа.
И да повторно ќе порачам. Општина Бутел ќе биде зелена општина со најмногу зелени површини и за тоа не треба да се грижи Арсовска затоа што граѓаните на општина Бутел имаат Градоначалник кој ќе го зачува мирниот и спокоен живот во општина Бутел!