ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека денеска, од 11:00 часот, без вода ќе бидат дел од корисниците на село Бардовци.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради дефект на шибер ф 100 мм на ул. 12 село Бардовци, раскрсница со ул. 18. Поради компликации при санирање на дефектот, водоснабдувањето ќе биде со проширен обем, односно прекин на водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од с. Бардовци.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:00 часот до завршување со санација на дефектот.