Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во текот на изминатите неколку дена извршија расчистување на околу 25 кубни метри отпад одложен во објектот Капан ан, лоциран во Старата скопска чаршија, информираат од претпријатието.

- Вработените во ЈП „Комунална хигиена“-Скопје излегоа на терен по дојава на граѓани коишто се пожалија дека огромно количество отпад го попречува движењето на минувачите во Капан ан и нормалното функционирање на околните угостителски и продажни објекти. Отпадот составен претежно од облека бил собран во рамките на хуманитарна акција за помош на настраданите при земјотресот во Турција, но за жал по завршувањето на акцијата останал одложен во објектот со денови, изјави в.д.директорката на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Косана Николиќ Мазнева.

Таа додаде дека во текот на вчерашниот ден отпадот бил во целост отстранет и транспортиран од страна на екипите на претпријатието.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/03/2023 13:23