Водата за пиење во Скопје е безбедна и квалитетна, покажува најновиот неделен лабораториски извештај на ЈП Водовод и канализација.

-Секторот за санитарна контрола во периодот од 13.03.2023 до 17.03.2023 зема 186 примероци за физичко-хемиска и 186 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, наведува ЈП Водовод и канализација.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2023 10:58