Холивудската двојка Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс, се чини, знаат како да бидат на насловните страници ширум светот, но наместо во елитните населби во Лос Анџелес, по сѐ изгледа дека тие избрале да живеат скромно, на другиот брег на САД, во обичната населба Паунд Риџ во Њујорк, обајви „Хоумс eнд гарденс“ (Homes & Gardens).
Глетките од нивниот дом на нивните Инстаграм-објави прикажуваат, на пр. бања со плочки и дневна соба со дрвени облоги на ѕидот во „селски“ стил - со можеби сите признаци на скромен, рурален дом.
Во новата објава, Рајан е сликан во дворот пред нивниот дом заедно со мајка му. Сликата ја открива сивата фасада на куќата, дрвена врата со полесни тонови, како и стара телефонска говорница како еден вид украс покрај домот.