Со годините, Бен Афлек и Мет Дејмон, се чини, се сè поблиски пријатели и соработници, а сега најавија и еден готов, и снимање нов филм.

Двоецот повторно се обедини заради нивниот нов филм „Воздух“ (Air), што ја раскажува приказната за тоа како „Најки“ изгради империја врз основа на чевелот наречен по НБА-кошаркарот Мајкл Џордан. Покрај Бен и Мет, во филмот глумат и Џејсон Бејтмен, Вајола Дејвис, Крис Такер, Крис Месина, Џеј Мор, Марлон Вејанс. Сценариото е на Алекс Конвери, а Афлек ќе ја има и улогата на режисер. Просечната оценка за филмот на ИМДБ, засега, е 8,9 / 10.

- Тоа беше една од работите што сакавме да ја направиме. Некако, не се дружиме и не минуваме повеќе време заедно како порано, а успеавме да останеме пријатели цело време, рече 50-годишниот Афлек во новото интервју за Си-би-ес.

На тоа, Дејмон (52), се пошегува дека сега и двајцата се во шестото десетлетие од својот живот, па „може да го видат крајот на тунелот“.

Динамичните двајца глумци и продуценти израснаа заедно во Кембриџ, Масачусетс, и заедно поминаа десетлетија како филмаџии во Холивуд. Во 1997 година со „Добриот Вил Хантинг“ освоија „Оскар“ за најдобро оригинално сценарио.

- Март '98-ма, имав 25 години... Се гледам себе и размислувам - имам уште многу да учам. Знаеш, тоа е проклетството да имаш 25 години - мислиш дека сè имаш сфатено, вели Афлек.

Тој, исто така, го сподели задоволството од новата работа со неговата сопруга, Џенифер Лопез, која ќе се појави во „Незапирливи“ (Unstoppable). Филмот чие снимање допрва претстои, е за Ентони Роблс, американски борач роден со една нога. Дејмон и Афлек ќе бидат продуценти.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/03/2023 03:44