Дел од корисниците од улицата „Добромир Хрс“ во општина Кисела Вода од 9:00 до 15:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Во периодот од 10:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Фуштанска“ од број 90 до број 98 во општина Гази Баба, а од 9:00 до 14:00 часот дел од корисниците во селата Мирковци и Чучер.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/03/2023 03:44