Некои апарати во домаќинството, како што се полначи или конзоли за игри може да донесат дополнителни трошоци кога се приклучени, иако се вон употреба. Следат неколку совети кои може да заштедат пари кога станува збор за сметките за струја.

Фрижидер / замрзнувач

Бидејќи фрижидерот и замрзнувачот треба постојано да се вклучени, не е изненадување тоа што повеќе од 12 отсто од енергијата на домаќинство се троши само за овој апарат. Очигледно, не може да се исклучи фрижидерот кога не се користи, но постојат начини тој да работи што е можно поделотворно. Редовното чистење на фрижидерот, внатре и надвор, е наједноставниот начин за тоа.

Полначи

Иако непотребното оставање празен полнач вклучен во струја можеби не е најскапото нешто, и тоа додава непотребни трошоци.

Телевизор

Истражување од 2021 година покажа дека 98 отсто од британските домаќинства го оставаат телевизорот во „мирување“, а и погрешно претпоставуваат дека исклучувањето со далечинскиот управувач целосно ја исклучува струјата, објави порталот „Кликс“.

Конзоли за видеоигри

Овие уреди за рекреација често и вообичаено се оставаат вклучени исто толку често како и телевизорите и често се занемаруваат. Проверувањето дали тие се целосно исклучени може да заштеди значителна сума пари годишно.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/03/2023 04:11