Група археолози од Обединетите Арапски Емирати тврдат дека го пронашле засега најстариот откриен „град на бисери“ во тоа поднебје. Тој се наоѓа во Персискиот Залив, на островот Синија, источно од емиратот Ум ал-Кувејн.

Наодите на археолозите откриваат дека градот е една од „најголемите зачувани урбанизирани населби некогаш пронајдени“ во она што денес е ОАЕ, и се верува дека во него биле сместени илјадници жители, од кои многумина се потпирале на занаетите со бисери. Куќите на заедницата биле изградени од камења и материјали од околината, а покривите им биле направени од стебла од палми. Градот од 12 хектари постоел меѓу доцниот 6. и средината на 8. век - пред исламската цивилизација, соопшти Одделот за туризам и археологија.

Иако се знае дека постоеле и други „бисерни населби“ во оваа област, новооткриената е особено уникатна, според Тимоти Пауер, вонреден професор по Археологија на Универзитетот во ОАЕ, кој беше во тимот што ги откри наодите.

- Оваа населба е единствена не само поради староста и големината на заедницата, туку и поради тоа што не била сезонска - работела цела година. Ова е различен редослед на населби, ова е вистински град... Заедницата била густо населена со низа типови на домување и вклучувала различни социо-економски групи, изјави Пауер.

Жителите на градот веројатно биле христијани, бидејќи тој се наоѓа во близина на древен христијански манастир откриен лани.

- Од историските записи знаеме дека во тој период имало и други важни пазари за бисери. Во екот на пазарот на бисери, огромен број луѓе биле вклучени во оваа дејност, додаде Пауер.

Бисерот бил клучна суровина и занает за новооткриениот град. Практиката на ископ на скапоцениот материјал, којашто вклучувала и нуркачи за вадење бисери од школки пронајдени во морињата и езерата, е дел од наследството на областа повеќе од 7.000 години, според Одделот за туризам Ум ал-Кувеин.

Во соседниот Абу Даби, на пр. и илјадалетие подоцна речиси две третини од машкото население се занимавало со ископ на бисери.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/03/2023 13:44