Полицијата вчера во периодот од 07:00 до 12:00 часот спроведе засилена акциска контрола на територијата на државава за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници. При контролата, како што информираат од МВР, санкционирани се 32 прекршоци, од кои 20 поради неисправен уред за запирање...

Од МВР посочуваат дека на вонреден технички прегледупатени се 179 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз на патници.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2023 10:51