Светски ден на водата - 22 март, одбележан во градинката во Миладиновци, во присуство на градоначалникот на Општина Илиден Александар Георгиевски и директорот на ЈКП „Илинден“ Ивица Трипуновски. На настанот присутните донесоа заклучоци за важноста на водата во човековиот живот, информираат од Општина Илинден.

-Оваа година, 2023, е посветена на промените во користењето на водните ресурси и се обележува под мотото: Биди промената која сакаш да ја видиш во светот. Водата е основата за постоењето на живот на планетата Земја, а чистата вода за пиење и за одржување на хигиената е неопходна за одржување на животот и здравјето на целиот жив свет. Треба да работиме заедно за одржливо управување со овој скапоцен ресурс. Да ја вреднуваме и цениме водата, истакна градоначалникот Георгиевски.

Децата за овој ден имаа подготвено приредба на тема за водата, а на градоначалникот и директорот им подарија подароци изработени од нивните вредни рачиња.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2023 10:53