-Мислам дека откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја превземе власта и влезот во институциите ќе биде еден тежок период. Но имаме план и програма на која што ќе се потпреме и ќе покажеме како што многу пати во минатото покажавме дека може подобро и нашите понудени решенија, нашата волја за работа и нашата одговорност што ја имаме кон работата и кон институциите ќе даде резултат, истакна Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМЕ во своето гостување во радио Лидер.

Сајкоски во текот на своето гостување посочи дека ВМРО-ДПМНЕ преку своите градоначалници покажа дека се може поинаку и подобро во Македонија.

-Ние преку понудените градоначалници што ги имаме изминатиот период видовме дека и решенијата што ги имаат тие дека може поинаку, може подобро дека оние кои во Македонија ги раководат институциите да одговорат онака како што треба, може да се реализираат проекти, може да се отпочне нов начин на работа, може да се донесат инвестиции ако се има желба, може да има понуда и побарувачка за да се зголеми цената на трудот во Македонија за да не биде место каде се има најниска плата. Исто така може да се спречи корупцијата ако се има волја да се направи тоа од првиот ден од доаѓање на новата влада, може да се направат суштински промени и во образованието, може да се зголеми и свеста кај народот и може да дадеме надеж на граѓаните дека во следниот период Македонија ќе биде место каде што ќе го продолжат животот, каде ќе им дадат можности и на идните генерации не само на нас кои сме тука да почувствуваат дека треба да се борат за државата, дека треба тука да живеат, тука да опстојуваат. Тоа се начините и принципите кои што ние ќе ги градиме во периодот и она што е суштински значајно е градењето на правна држава, градење на сигурност, кажа тој.

Сајкоски се осврна и на законите каде јасно укажа дека во Македонија не се имплементираат законите односно извршната власта не ги спроведува.

-Нас не ни недостасуваат закони, нам ни недостасува нивна имплементација. Ние имаме усогласеност со законите од ЕУ во голем дел, но имаме непримена на законите. Ние носиме закони кои што оние од извршната власт треба да ги спроведува тие закони, а не се спроведуваат, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Сајкоски во врска со тоа дека ВМРО-ДПМНЕ може подобро потсети и на периодот кога власта беше во рацете на ВМРО-ДПМНЕ односно се до 2016 кога Македонија беше лидер во регионот.

-Јас сакам да кажам дека до 2016 година ние бевме лидери во регионот. Денес перцепцијата и она кое што го кажуваат статистиките е дека Македонија има највисока инфлација, најниска плата во регионот и пензии, секогаш е уклучено црвеното светло за корупција и така натаму. Да кажам дека и до пред 6-7 години бевме лидери и во носењето на странски инвестиции и во цена на трудот и сите ги копираа во регионот, а сега станавме да бидеме една дупка која е лош пример за сите во регионот, додаде тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2023 11:51