Најпрво да изразам големо задоволство што денеска во Илинден на посета ни е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој е наш поддржувач и е поткрепа за сите активности кои што ги работиме ние како општина и сите други општини.

Денеска сме на увид на изградба на кружен тек во населено место Илинден. Кружен тек кој што ќе ги спојува трите најглавни артерии во населено место Илинден, па може да кажеме и на општината, и уште една четврта ново планирана улица. Овој кружен тек и те како ќе биде подобрување за безбедноста во сообраќајот и ќе го среди сообраќајниот хаос во населеното место Илинден.

Паралелно со изградбата на овој кружен тек се работат и пешачки патеки околу него, ќе следи комплетно осветлување, партерно и хортикултурно уредување. Во овој момент исто така денеска ја завршуваме и пешачката патека која ја реконстуиравме на улица 2 од 620 метри. Овој период и следниот период се работи и на други проекти, само ќе спомена веќе во завршна фаза и во пуштање во употреба на колекторскиот систем во должина о д 4 и пол метри меѓу населените места Илинден и Марино веќе се работи на приклучоци. Во месноста Јака фекалната канализација во должина од 6300 метри е изграден, и таму може приклучоци да се поставуваат.

Во оваа година ќе започнеме со реализација на дел од планот за фекална канализација во населба Илинден месноста Плац. Се работи на нов проект на канализација во населено место Кадино, а исто така ќе ги реконструираме патот Миладиновци - Бујковци во должина од 1500 метри, патот Хиподром Илинден во должина од 700 метри, ќе започне втора фаза на реконструкција 532 во населено место Марино што го поврзува со Кадино и ќе градиме ново мултифункционално игралиште во населено место Илинден, а ќе се реконструираат и постоечки спортски игралишта во Кадино, Миладиновци и други населени места, ќе се градат детски паркови, ќе ја пробиеме новата трим патека, ќе работиме на доградба на градинката за проширување, нови 300 квадрати градинка и тоа е планирано оваа година, и многу други проекти кои што периодот ќе ги реализираме.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/03/2023 12:53