Дербито во Првата македонска ракометна лига меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер беше прекинат во Скопје поради сериозни инциденти предизвикани од навивачите.

Натпреварот беше прекинат во 17-тата минута при резултат од 6-6, откако гостински навивачи при влегување во салата „Јане Сандански“ почнаа да фрлаат кон домашните навивачи со пиротехнички средства, на што возвратија навивачите на Вардар кои влегоа на теренот фрлајќи со шишиња и тврди предмети.

Натпреварот е во прекин, а двете екипи се повлекоа од теренот.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/03/2023 04:39