Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење, покажуваат резултатите од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола ЈП Водовод и канализација.
Во периодот од 20 до 24 март се земени 189 примероци за физичко-хемиска и 189 примероци за микробиолошка анализа на водата за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопшти ЈП Водовод и канализација - Скопје.