Британската сателитско-комуникацика компанија „Уанвеб“ (OneWeb) ги лансираше последните 36 сателити во склоп на мрежата од првичните вакви 616 уреди, со коишто ќе му конкурира на „Старлинк“ на Илон Маск и ќе понуди глобална интернет-покриеност уште оваа година.

Директорот на „Уанвеб“, Нил Мастерсон рече дека успехот на компанијата е резултат на обемна и напорна работа, и покрај геополитичките проблеми. Тие сега имаат доволно сателити во Земјината Орбита за да се обезбеди интернет во 48 американски сојузни држави.

Последната група сателити беше лансирана од индискиот остров Срихарикота, а полетувањето го изврши Индиската организација за вселенско истражување.

Следниот чекор на „Уанвеб“ се нови, пософистициран неколку стотици сателити коишто би можеле да чинат до 4 милијарди долари, а треба да бидат оперативни до 2028 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/03/2023 15:47