Започна санацијата на улицата „Малешевска“ во населба Драчево. Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денеска најави дека оваа улица ќе добие нов асфалт и нови тротоари до крајот на април.

-Се наоѓаме на улицата „Малешевска” во населбата Драчево, долга околу еден километар, каде во наредните триесетина дена, ќе работиме интензивно на нејзина целосна санација. Ќе ги санираме и тротоарите, а паралелно, рабoтиме на поставување на нови штедливи ЛЕД светилки, изјави Ѓорѓиевски.

Од Општината информираат дека со нов асфалт ќе бидат опфатени и краците на улицата „Малешевска”, кои водат кон улицата „Славка Динкова”.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/03/2023 15:43