Во пресрет на Светскиот денот на шегата 1-ви Април, денеска во детската градинка „Гоце Делчев“ и основните училишта во општина Илинден се одржа маскенбал, на кој присуствуваше и градоначалникот на општината Александар Георгиевски.
- На маскенбалот можеа да се видат многу принцези, спајдермени, бетмени, полицајци, пеперутки, пчелички и друго. И овој пат не изостана бујната детска фантазија во креирањето на маските, при што буквално ги оживеаја бројните ликови од детските приказни, од бајките, херои од стриповите, велат од општината.
Оттаму додаваат дека Георгиевски не го криел воодушевувањето од детската иновативност во маскирањето во ликовите на своите омилени јунаци