Поради поврзување од старата на нова водоводна мрежа ф-200 милиметри на „Димо Хаџи Димов“ број 29, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа и дел од улицата „Божидар Аџија“ во населбата Кисела Вода.
Како што соопшти ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде во прекин од 8 часот, па до завршување со работните активности.