Крис Такер се појавува во новиот филм на Бен Афлек - „Ер“ (Air), но ова е прв негов филм од 2016 година. Во интервју за „Класикс АТЛ“, познатиот комичар открива зошто се повлекол од глумата.
- Се чувствував како да има „плафон“ во Холивуд, а јас сакав повеќе. Затоа се повлеков и живнав малку, и патував низ светот, и правев многу добротворни работи кои навистина ми ги проширија гледиштата. Не се работи само за тоа да се биде најголемиот глумец во комедија во светот, туку да се стане некој што му дава нешто на светот и, на некој начин, да инспирира. Мило ми е што го направив тоа. Запознав толку многу големи луѓе, раскажа Такер.
По седумгодишна пауза, тој се враќа на големото платно во филмот „Ер“ режиран од Бен Афлек, во којшто го глуми Хауард Вајт, потпретседател на „Џорданките“ на „Најки“.
Мојот агент ми се јави и ми рече дека се снима филм за нешто поврзано со Мајкл Џордан и дека сакаат да го глумам ликот Хауард Вајт. Тоа не е никаков лик од сценарио. Реков „Чекај малку, тој ми е пријател. Па, од Вајт јас и дознав дека тој ќе биде во овој филм. Потоа разговарав со Бен и Мет (Дејмон, б.п.) и тие ми велат „Еј, човеку, сакаме да дојдеш и да се забавуваш“... Тоа е она - правиш филм со твоите пријатели. И, се согласив, појасни комичарот.
Така, поради почитта кон Мајкл Џордан, Хауард Вајт, кон брендот патики „Џордан“, Такер ја прифатил новата улога.