На лет од Блумфонтејн до Преторија во Јужноафриканската Република, пилотот Рудолф Еразмус морал принудно да слета поради жолта кобра на седиштата во авионот.
На приватниот авион „Бичкрафт барон 58“ имало четворица патници (и змијата). Присуството на таква влечуга во авионот, иако секогаш шокантно и застрашувачко за сите, не е невообичаено. Инаку, двајца вработени во аеро-клубот „Ворчестер“, од каде што првпат полетал авионот, потврдиле дека претходно ја забележале змијата под леталото и дека се обиделе да ја фатат, но безуспешно - таа избегала.
Еразмус потоа се обидел да ја најде змијата пред да полета авионот, но бидејќи ја немало, претпоставил дека таа се извлекла од леталото.
Пилотот вели дека не се чувствува „посебно“ по својот смирен и присебен потег и слетувањето.
- Мислам дека пофалбите се малку претерани, бидејќи и моите патници останаа присебни и смирени, додаде тој.
Каснувањето од жолта кобра може да биде смртоносно.