Во текот на минатата недела биле санкционирани 193 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар.
Од ЈП Паркинзи на Општина Центар известуваат дека заедно со Општина Центар и во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје санкционирале 193 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
- Во периодот од 3 до 9 април, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 109 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 84 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, соопштуваат од ЈП ПОЦ.
Оттаму посочуваат дека и наредниот период ќе продолжат со отстранување на непрописно паркираните возила.
- За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, велат од ЈП ПОЦ.