Каскадерот Томас Ву изведе прилично несекојдневен настап пред судиите и гледачите на популарното шоу „Британија има талент“ (Britain's Got Talent). Имено, тој се самозапали на сцената додека сложуваше Рубикова коцка.

„Ова не треба да се прикажува на семејна емисија којашто ја гледаат деца и може да се обидат да го направат истото“, „Ова е сосем неодговорно, да се прикажува ваков настап во емисија што ја гледаат деца“ - гласат дел од коментарите по натапот.

Томас прво му даде една коцка на жирито, а потоа исчезна зад темниот екран, па се појави прекриен со огноотпорен гел.

- Ќе ја решам Рубиковата коцка на најопасниот можен начин. Ќе се запалам. А, нема да ме изгаснат додека не ја наместам таа коцка... Не може да бидам запален предолго бидејќи постои опасност вистински да изгорам, изјави тој.

Водителките извикаа дека никој не смее да го проба ова дома.

Помошникот го запали, а тој почна да ја решава Рубиковата коцка... По 55 секунди, Томас успеа да ја сложи коцката и беше изгаснат со противпожарен апарат.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2023 04:38