„Гугл стрит вју" (Google Street View) може да биде ризница на бизарни случки фатени на камера, но овојпат нивно возило коешто ги снимало улиците, учествувало во сообраќајна несреќа и возачот побегнал заедно со возилото од местото на инцидентот.

Корисник на „Редит“ сподели видео од таа необична сообраќајка, каде што автомобилот удира во мотоциклист, па бега од местото на несреќата. Настанот е документиран и на „Гугл мапс“.

Кусо потоа се огласи друг интернет-корисник кој наводно го препознал местото, т.е. инцидентот се случил во Африка, поточно во Јупе Амади, Сенегал.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2023 10:55