По пријава на загрижени граѓани тимот на ЈП Лајка беше да спаси кутре кое паднало во јама., информираат од претпријатието.
- Не знаеме колку долго била во јамата, но веднаш по пријавата тимот отиде на терен, нејзината здравствена состојба е добра и ќе одмори малку пред да го помине хуманиот третман во нашето прифатилиште.
И дадовме име Ина, мала убава, борбена со голема желба за живот и покрај целиот стрес кој го преживеа таа сепак се радуваше на нашиот тим. Ќе биде објавена за вдомување и се надеваме дека брзо ќе го најде својот дом, соопштија од ЈП Лајка