Почитувани,
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, утрово во објава на својата официјална страна на фејсбук ги информираше граѓаните дека општина Гази Баба доделува субвенции за купување на велосипеди.
Во својата објава, градоначалникот Стефковски напиша:
ОПШТИНА ГАЗИ БАБА ДОДЕЛУВА СУБВЕНЦИИ ЗА КУПУВАЊЕ НА ВЕЛОСИПЕДИ ЗА 2023 ГОДИНА. Почитувани граѓани, Објавивме јавен повик за субвенционирање на граѓаните на општина Гази Баба за купување на велосипед за 2023 година. Оваа мерка ја реализираме со цел да ги стимулираме граѓаните од нашата општина за користење на велосипеди. Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на општина Гази Баба, кои ќе купат нов велосипед. Ги повикувам граѓаните на општина Гази Баба да ја искористат мерката и да аплицираат. Линк до јавниот повик: http://gazibaba.gov.mk/.../aven-povik-za-subventcionira-e... - напиша Стефковски