Телевизијата Фокс њуз синоќа повика Такер Карлсон, еден од своите најпопуларни водители, да замине откако се дозна дека тој испраќал навредливи текст пораки за раководители и колеги откриени во текот на правната борба на телевизијата со „Доминион“, компанија која обезбедува гласачки машини.

Карлсон работеше во Фокс њуз повеќе од десет години. Весникот Волстрит журнал дознава дека неговиот договор со телевизијата, кој бил обновен во 2021 година, предвидувал исплата од 20 милиони долари годишна плата.

Во текот на годините, посебно по доаѓањето на Трамп на власт, Карлсон стана еден од водечките конзервативни гласноговорници во САД. Кај него пристап бараа познати републикански конгресмени и политичари, па неговото отпуштање е голем скандал за републиканскиот естабилишмент.

Се дознава дека барањето тој да замине дошло директно од првиот човек на „Фокс корп.“, Рупер Мурдок, австралиско-американски медиумски магнат, сопственик и на весниците Волстрит журнал и лондонски Тајмс.

Според Лос Анџелес тајмс, Мурдок реагирал на судските тужби против водителот и други раководители поднесени од поранешна продуцентка поради сексистички навреди и омаловажување на работното место.

Мурдок не бил задоволен и од продолжителните коментари на Карлсон за оправдување и релативизација на нападите на американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година.

Од своето студио во Флорида, Карлсон постојано промовораше низа теории на заговор, и во ектремистички манир апелираше на радикалната десница.

Повикот на поранешниот претседател Доналд Трамп дека гласањето на претседателските избори во 2020 година било фалсификувано беше главна тема на неговите вечерни емисии во ударниот вечерен термин во изминатите две години. Во повеќе наврати тој повикуваше дека софтверот на гласачките машини на „Доминион“ бил манипулиран. Оваа лага ја чинеше Фокс њуз 780 милиони долари исплата за клевета договорена во вонсудски договор со „Доминион“ откако компанијата ја тужеше телевизијата.

Други теории на заговор промовирани од Карлсон се дека упадот во Капитолот на 6 јануари убил организиран од Федералното биро за истраги; вакцинацијата против Ковид-19 е нарушување на слободата и штетна по здравјето; промоција на белиот супрематизам (теорија за предимство на белата раса).Тој ја релативизираше и агресијата на рускиот претседател Владмир Путин во Украина и беше за намалување на воената помош за Киев.

Од пораките што тој ги испраќал до колеги се дозна и дека Карлсон напишал „го мразам Трамп“, и дека се жалел на колеги и раководители.

Фокс њуз на даде причина за разделбата.

-Фокс њуз медиа и Такер Карлсон се договорија да се збогуваат. Благодариме за неговата служба како водител и пред тоа како соработник, соопштија на кратко од телевизијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2023 09:58