Твитер во четвртокот ги отстрани бесплатните „сините ознаки“ за автентичност на профилот. Но, откако Илон Маск го објави тн. „Твитер блуе“ како новина, собра речиси целосно негативни реакции.

Како што многумина претпоставија, новиот систем не успеа, но според некои пишувања, се чини дека е и вистинска катастрофа, бидејќи „Твитер блу“ наводно има само 28 нови претплатници. Со ова, милијардерот сакаше да ги натера корисниците да платат за верификација на автентичноста на профилите. И, се чини, осум долари месечно објективно не би требало да бидат огромен проблем за познатите личности и компаниите, но многумина зазедоа став дека се работи за принцип, а не за парите.

НБА-кошаркарот Леброн Џејмс и писателот Стивен Кинг, на пр., отворено ја критикуваа оваа одлука, а некои „популарни профили“ дури најавија и дека ќе го блокираат секого со „сина ознака“.

Тревис Браун, независен истражувач кој активно ги следел претплатниците на „Твитер блу“, открива дека од нешто повеќе од 400.000 проверени профили досега, само 19.497 се претплатени на „Твитер блу“.

Маск го најави „чистењето“ за 1 април, но на крајот тоа беше преместено за оваа недела. Притоа, некои корисници забележаа дека старите сини ознаки всушност не се отстранети, туку само скриени. Но, тоа беше само краткорочно.

Со ознаките првично требаше се запре крадењето идентитети и имиња на интернет. Потоа тие се претворија „статусен симбол“, а потоа станаа „симбол“ достапен за секој што би платил осум долари... Така, според многумина, овие ознаки денес се главно нешто што го плаќаат крипто-измамниците и разни „инфлуенсери“.

Браун открива и дека повеќе од половина од претплатниците на „Твитер блу“ имаат помалку од 1.000 следачи. Обидувајќи се да го избегне сѐ ова, Маск овозможи бесплатна проверка на мал број познати личности, вклучувајќи ги тука Леброн Џејмс, Стивен Кинг и Вилијам Шатнер.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2023 14:26