Претседателката на Косово, Вјоса Османи Садриу денеска ќе присуствува на инаугурација улицата со името „Ибрахим Ругова“ (поранешен „Славеј Планина“) во Општина Чаир.

Од Општина Чаир најавија дека косовската претседателка ќе ја посети и Старата чаршија, а ќе положи цвеќе кај Споменикот на Ѓерѓ Кастриот-Скендербег и бистата на Хасан Приштина.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2023 10:09