Одбојкарките на скопски Работнички се на чекор до одбрана на ланската титула во македонскиот шампионат, откако синоќа во третиот натпревар од финалната серија до три победи се радуваа против Јанта волеј со 3:0 (25:12, 25:23, 25:21) и поведоа со 2-1.

Следното соочување е во Кисела Вода на теренот на Јанта волеј, а може да биде последно доколку слават актуелните првенки.

Во спротивно ќе има мајсторка за првенствениот трон на теренот на Работнички Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/04/2023 09:35