Со положување свежо цвеќе пред спомен-плочата во месноста Бунарџик, Општина Илинден деенска ја одбележа 22-годишнината од трагичната смрт на Роберт Петковски, кој како припадник на Министерството за одбрана, загина во Вејце на 28 април 2001 година.
Каkо што соопшти Општината, свежо цвеќе положија членовите на семејството на Роберт Петковски, претставници на Општина Илинден предводени од градоначалникот Александар Георгиевски, припадниците на специјалната единица „Волци“, на месната заедница и жители на Бунарџик.
-Во чест на трагично загинатиот припадник на безбедносните сили кој беше член на фудбалскиот клуб „Бунарџик“, а под покровителство на градоначалниот Георгиевски, се одржува традиционален меморијален турнир во фудбал на кој учествуваат 12 екипи од сите населени места на Илинден, соопшти Општината.