В.Д. директорот на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ – Скопје, Зухејр Реџепи во објава на Фејсбук страната на претпријатието извести дека поради здравствени причини поднесува оставка на функцијата.
- Поради здравствени предизвици денеска си поднесов оставка од функцијата директор на ЈП „Паркови и Зеленило“. И благодарам на градоначалничката Арсовска за укажаната доверба и можност, но здравјето е поважна од секоја функција, пишува Реџепи во објавата.
Реџепи, кој е дел на т.н. „Огнена група“ на ДУИ, беше назначен на функцијата лани во септември, откако директорските кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во скопските јавни претпријатија поднесоа оставки по раскинувањето на соработката со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.