Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници во соработка со Црвениот крст на Град Скопје и Здружението на новинари на Македонија го одбележува Светскиот ден на слободата на медиумите со организирање на крводарителска акција.
- Акцијата ќе се одржи во просториите на Црвен Крст на град Скопје (Даре Џамбаз) на 3 мај (среда) 2023, од 08:00 до 14:00 часот, информираат од ССНМ.