Глумицата Амбер Хард ги напуштила САД и се преселила во Мадрид откако го загуби судскиот случај со поранешниот сопруг Џони Деп.

Како што пишува „Дејли мејл“, таа си отишла од Холивуд и „тивко се пресели во Шпанија со нејзината ќерка Унаг“. Според наводите, Хард говори два јазика - англиски и шпански, па преку океанот е среќна, и „сака да ја одгледа ќерка ѝ подалеку од вревата“, вели пријателка на глумицата.

Не е познато дали Амбер засекогаш или само привремено ја напуштила глумата.

„Мислам дека таа не брза да се врати на работа или во Холивуд. Веројатно ќе дојде и тоа, кога ќе дојде вистинското време, за вистинскиот проект", додава пријателката.

Во јули 2022 година, глумицата ја продаде куќата во долината Јука, во Калифорнија за 1,1 милион долари. Оттогаш, таа минуваше доста време во Шпанија. Во октомври лани, Амбер беше фотографирана на плажа во Мајорка, како и во детски парк со својата ќерка.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2023 10:04