Денес 08.05.2023 година градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски имаше средба со Хрбатската пратеничка Марија Петир која е во посета на Република Македонија.

За средбата градоначалникот Стефковски, информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

СРЕДБА СО МАРИЈАНА ПЕТИР!

На мое големо задоволство имав чест да бидам домаќин на Маријана Петир, Пратеник во Собранието на Република Хрватска и поранешен Пратеник во Европскиот парламент.

На средбата ја изразив мојата благодарност до Маријана Петир за нејзината поддршка кон Република Македонија и македонскиот народ.

Во следниот период, општина Гази Баба ќе го развива Хрватско - Македонското пријателство преку реализација на заеднички проекти и активности.

На средбата во просториите на општина Гази Баба присуствуваа и пратеничката во Собранието на Република Македонија Жаклина Пешевска и претседателката на Советот Дијана Илиевска. - напиша Стефковски.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2023 16:04