Македонската женска репрезентација ракомет на песок ги почна подготовките за претстојното Европско првенство во Португалија.
Избраничките на селекторот Златко Мојсоски на завршниот турнир ќе бидат дел од групата Б, заедно со домаќинот Португалија, Холандија и Украина.
На стартот на подготовките селекторот Мојсоски на располагање има 32 ракометарки.
Европското првенство е на програмата од 24 до 28 овој месец.