На 67. издание на Евросонг, коешто почна вчера, во првата полуфинална вечер од нашето соседство во финалето одат Хрватска и Србија. Второто полуфинале се одржува утре, четврток, а големото финале е в сабота.
Хрватските претставници, групата „Лет 3“ од Риека настапија со компзицијата „Мама ШЧ“.
Србија ја претстави Лук Блек со песната „Само ми се спава“.
Во финалето натаму одат и Молдавија, Швајцарија, Финска, Чешка, Израел, Португалија, Шведска и Норвешка.