Поради финансиски проблеми, екипата на ЖРК Металург нема да игра во полуфиналето на Купот на Македонија. Токму Металург требаше да го брани трофејот освоен минатата сезона.
Завршниот турнир во Купот на Македонија ќе се игра од денес до сабота во Охрид.
Ракометарките на Металург утре требаа да се соочат со Куманово.
Во другото полуфинале во женска конкуренција ќе играат Ѓорче Петров и Вардар.
Денес на програмата се машките полуфиналиња: Еурофарм Пелистер – Пролет (17:30 часот) и Алкалоид – Вардар (20 часот).