Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информираше дека денес се доделени решенијата за субвенционирање на граѓаните за вградување на уреди за течен нафтен гас во возилата.

Во својата објава, градоначалникот Стефковски напиша:

Доделени решенија за субвенции на граѓаните за вградување на уреди на течен нафтен гас во возилата.

Денес во просториите на општина Гази Баба ги доделив решенијата за субвенции за вградување на уреди за течен нафтен гас на возилата.

Општина Гази Баба реализира сериозни мерки со цел намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух и заштитата на животната средина.

Мерката за субвенционирање на уреди за вградување на течен нафтен гас, како и мерките за субвенции за купување на велосипеди, електрични тротинети и чистење на оџаци се мерки кои се реализираат во општината со моето доаѓање за градоначалник.

Кога се работи чесно и посветено, кога средства од буџетот се користат наменски за проекти, тогаш во буџетот има пари за се.

Ги повикувам граѓаните да аплицираат и да ги користат субвенциите кои ги доделува општина Гази Баба. - напиша Стефковски



Автор: Администратор
Објавено на: 12/05/2023 02:17