Ракометарките на ЖРК Куманово го кренаа пехарот во македонскиот Куп, откако попладнево во неизвесен натпревар го совладаа ЖРК Вардар со 32-31 (15-12).

До својата трета куп титула во клупската историја ЖРК Куманово дојде по драматична завршница во која Граматова го постигна победничкиот гол на десет секунди пред крајот на финалето во Охрид.

Ракометарките на ЖРК Вардар во вчерашното полуфинале направија изненадување и го совладаа старо – новиот шампион ЖРК Ѓорче Петров (30-27), додека ЖРК Куманово место во финалето обезбеди без борба откако ЖРК Металург претходно го откажа настапот во завршницата од Купот.

Во машкото финале, кое е на програмата од 18 часот, ќе играат бранителот на трофејот Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер



Автор: Администратор
Објавено на: 14/05/2023 05:55