Во основното училиште „Петар Поп Арсов” во Општина Карпош, денеска почнува промотивна кампања за борба против корупцијата „Бидете херои на чесноста“.

Како што е најавено од организаторите, на почетокот на кампањата ќе се обратат Билјана Ивановска, претседателка на Државна комисија за спречување на корупција и Јоана Козма, директор на Канцеларијата на Меѓународната фондација за изборни системи (IFES) Скопје.

Кампањата има за цел да ја подигне свеста кај учениците и ученичките за штетните ефекти од корупцијата, поточно да се едуцираат за поимите интегритет и корупција, како учениците и ученичките да ја идентификуваат корупцијата и воедно да се создаде антикорупциско движење во земјава што пак ќе придонесе за општество без корупција.

Оваа кампања на Државна комисија за спречување на корупција, е дел од Активноста за анти-корупција и интегритет која ја спроведува Меѓународната фондација за изборни системи ИФЕС а е финансирана од УСАИД.

Изјави за медиуми од Билјана Ивановска, претседателка на Државна комисија за спречување на корупција.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/05/2023 10:22