Вселенскиот телескоп „Џејмс Веб" на американската Национална воздушно-вселенска администрација - НАСА, го забележа своето второ големо откритие овие две недели.
Истражувачите преку камерата на телескопот открија водена пареа околу кометата „238П-Рид" во тн. „главен“ астероиден појас, наречен Кујперов Појас. Научниците досега веруваа дека кометите можат да го зачуваат својот воден мраз и кога се релативно оддалечени до Сонцето, но досега немаа цврсти докази за таа претпоставка. Општо земено, тие очекуваа дека кометите во Кујперовиот Појас или во Ортовиот Облак се доволно далеку од Сонцето за мразот да се задржи на нив.
Сепак, ова откритие создаде и нова загатка... Додека јаглеродниот диоксид обично сочинува 10 отсто од потенцијално испарената материја на кометата, инструментите на „Веб“ не открија ниту еден отсто во „238П-Рид". Истражувачкиот тим претпоставува дека ЦО2 или се одвоил од кометата во текот на милијарди години или дека „Рид“ се создал во дел од Сончевиот Систем којшто не содржел ЦО2.
„Рид“ е едно од првите вселенски тела користени за дефинирање на кометите во „главниот појас“. Телескопот „Џејмс Веб“, пак, е првата доволно моќна опрема, оспособена за подробно да ги проучува овие комети.
Потребно е повеќе набљудување за да се утврди дали недостатокот на ЦО2 кај „Рид“ е случајност или таков е случајот и со други комети од главниот појас. Без оглед на одговорот, истражувачката Стефани Милам смета дека мисија за собирање примероци може да помогне да се дознае повеќе за кометите како оваа.
Кујперовиот Појас почнува приближно на работ на орбитата на Нептун, што е релативно попогоден за научни вселенски истражувања. Ортовиот Облак е оддалечен околу две светлосни години од Земјата.