Во однос на објавата во вашиот медиум поврзана со работата на Детската градинка „Срничка“, најпрво дозволете да информираме дека согласно Законот за заштита на децата, детските градинки работат независно и во согласност со годишната програма. Во нивната работа на ниту еден начин не се меша општината, напротив за истата одговара раководното лице (директорот) и управниот одбор кој е составен од членови предложени и избрани од неколку државни институции.

Правото и слободата на изразување се гарантирани во Уставот на Република Македонија и во таа насока, потенцираме дека Општина Аеродром и Градоначалникот Тимчо Муцунски не поддржуваат и нема да поддржат цензура во било каква форма. Напротив, во изминатиот период Општина Аеродром покажа високо ниво на транспарентност и почитување на правото на говор и изразување

Во насока на целосно решавање на проблемот, Градоначалникот Муцунски за овој веќе петок закажа средба со родителите на засегнатите дечиња од посочената детска градинка, на која ќе се разгледа и дискутира за споменатиот проблем.

На крајот потенцираме дека, обезбедување на квалитетна предучилишна грижа е во фокусот на Општина Аеродром и нема да дозволиме на било кој начин да се фрли сенка на овие напори и истите да се стават во втор план.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2023 16:04