Челниците на компанијата во текот на минатиот ден објавија дека по консултации со фирми за безбедност од Кореја, Кина и Америка донеле одлука да го стопираат производството на смартфонот Галаски Ноут 7 од како се по неговото појавување во август месец, се случија низа непредвидени проблеми за кои од компанијата ја признаа грешката. Имено, се појавија видеа на популарната мрежа Јутјуб каде што корисници поставија слики од изгорен или експлодиран Галакси Ноут 7, проблем кој се појавил поради загревање на батеријата.

Иако портпаролот на компанијата не кажа директно дека се прекинува продажбата, сепак упати апел до купувачите кои веќе го набавиле овој телефон, да го исклучат целосно и да го вратат во продажните места од каде што го земале.


Galaxy Note 7 замина во историјата, Самсунг ја прекина продажбата

Поради овој проблем, компанијата на Самсунг на берзата загуби околу 17 милијарди долари а акциите на компанијата паднаа за цели 8%. Воедно овој пат на акциите претставува и најголем еднодневен пад по цели осум години.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/10/2016 18:31