Реј Стивенсон, ирскиот глумец од филмовите „Казнувач: Воена зона“, „Кралот Артур“, „Тор“ и „Рим“, како и претстојната цртана ТВ-серија „Ахсока“, почина во неделата во Италија. Веста за „Варајети“ (Variety) ја потврди неговиот публицист.

Стивенсон почина на снимањето на филмот „Касино во Искија“ во Италија, четири дена пред неговиот 59-ти роденден. Засега нема достапни информации за причините за смртта.

Тој го играше и украинскиот мафијаш Исак Сирко во седмата сезона од „Декстер“ на „Шоутајм“, „Блекбирд“ во пиратската серија „Црни едра“ и морнарот Отер во „Викинзи“. Покрај „Ахсока“ и „Касино во Искија“, љубителите постхумно ќе го видат и во „1242: Порта кон запад“.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2023 09:33