Американскиот милијардер Џеф Безос ја запроси новинарката Лорен Санчез по речиси пет години врска. Тие во мигов се наоѓаат на југот на Франција, по повод Филмскиот фестивал во Кан.

Изминативе неколку дена тие организираа неколку забави за блиски пријатели на неговата луксузна јахта од 500 милиони долари. Наскоро ќе почнат и подготовките за венчавката.

- Секој ден ме инспирира и ме прави подобра личност. Тој е најубавиот човек што го познавам, изјави Лорен за Џеф во една прилика.

Некои од медиумските компании за кои таа работела се „Фокс“, Гуд деј, Л.А.“, „Екстра“ итн. Меѓу емисиите што таа ги водела се „The View“, „Showbiz Tonight“ и „So You Think You Can Dance“. Со Безос ги запознал нејзиниот поранешен сопруг Патрик Вајтсел, кој работи како менаџер на бројни познати личности.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2023 09:34