ЖРК Вардар ја освои шампионската титула во младинската женска лига на Македонија за сезоната 2022/23.

Во финалето на завршниот Ф4 турнир, младинките на ЖРК Вардар беше поуспешни од Ѓорче Петров ЖРК со 33-29, а во натпреварот за третото место ЖРК Шампион го совлада ЖРК Металург со 24-16.

Титулата во кадетската машка лига ја освои РК Мулти Есенс, совладувајќи ја во финалето РК Струга со 31-29.

Во натпреварот за третото место, РК Еурофарм Пелистер беше поуспешен од ЗРК Голден Арт со 29-22.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2023 11:25