Селекторот на македонската женска репрезентација за ракометарки до 19 години, Јулијана Дамчевска го објави списокот на повикани за настап на претстојното Европско првенство во Романијa кое ќе се оддржи во период од 6 до 16 јули.

На списокот на Дамчевска се наоѓаат:

Голмани: Марија Јовановска, Матеа Чурлиноска, Анастасија Тодоров и Ема Кирова.

Крила: Кристина Наумовска, Јана Равојска, Емилијана Ризоска, Бојана Радевска и Адела Еленин.

Пивоти: Александра Коловска, Ива Велкова и Нина Попов.

Бекови: Сара Стефаноска, Марија Јанкуловска, Бојана Коцева, Нена Нестороска, Ива Младеновска, Теодора Дукоска, Борјана Коцева, Сара Богоевска, Ана Марија Талева и Дариа Спасовска.

Македонските кадетки се дел од групата Д заедно со селекциите на Данска, Чешка и Црна Гора.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2023 09:37